Кристијано Роналдо веќе две години е дел од тимот на Ал-Наср во Саудиска Арабија. По неговото доаѓање во оваа земја, започна фудбалска ренесанса, па таму заминаа да играат уште многу други ѕвезди, како што се: Карим Бензема, Нејмар, Садио Мане…
Актуелниот договор на Роналдо е до јуни 2025 година, што значи дека од 1 јануари Португалецот има дозвола да контактира и со други клубови. Засега самиот фудбалер се нема изјаснето околу неговата иднина, но според некои проценки, постои голема шанса Роналдо да си замине од Ал-Наср и да потпише за клуб во којшто веќе претходно има играно.
Роналдо за еден месец ќе наполни 40 години, а проценките се дека може да се врати во матичниот клуб Спортинг Лисабон, каде што последен пат има играно во далечната 2003 година. Како опција за негови следни клубови се спомнуваат и Манчестер сити, ПСЖ, Лос Анџелес галакси и Ал-Хилал.
Петкратниот освојувач на Златната топка засега нема намера да се пензионира, а според многумина, тој има зацртано уште две важни цели во кариерата. Првата е да стигне до магичната бројка од 1.000 погодоци. Моментално има 910 гола во 1.247 одиграни средби.
Втората цел е да игра на Светското првенство во 2026 година и така да стане првиот фудбалер во историјата кој настапил на шест Мундијали. За да биде во форма, Роналдо треба да биде во тим каде што сигурно ќе има загарантирано место во првиот состав. Не е исклучена можноста Роналдо на уште една година да ја продолжи верноста со Ал-Наср, клубот во којшто ја добива најголемата плата во историјата на фудаблот.