Дојде „денот Д“: Меч за титула на Вардар и Еурофарм Пелистер

Како што се очекуваше, така и ќе биде. Последното коло ќе го даде шампионот во македонското ракометно првенство. Вардар и Еурофарм Пелистер во директен дуел ќе решат кој ќе го подигне највредниот трофеј во нашиот ракомет.

Мечот за титула се игра од 19:30 часот, во салата „Јане Сандански“ што значи дека Вардар е тимот кој ќе ја има поддршката од домашните навивачи. Сепак, тоа не значи дека Пелистер нема да има свои фанови, затоа што од Битола се очекува да дојдат голем број на навивачи на Зелено-белите во очекување да го одбранат тронот.

Традицијата вели дека на последните 10 меѓусебни дуели, Вардар има шест победи, а Пелистер се радувал четири пати. Овие два тима последен пат играа пред само шест дена кога во финалето на Купот, Вардар без многу проблеми славеше со 31:27.

На Вардар доволно му е и да одигра нерешено за да го врати шампионскиот пехар во своите витрини, додека Пелистер нема што многу да калкулира и мора да слави во „Јане Сандански“, ако сака да остане на тронот.

- Оглас -

Најнови вести