5.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Специјален сингл за ракометниот ден кој Данците го чекаа 14 години

Вечерва во данскиот град Хернинг ќе биде крунисан новиот европски првак во ракомет, а дали тоа ќе биде Данска или Германија, ќе се одлучи во финалето кое почнува во 18 часот.

Кој и да биде шампион, тоа ќе му биде трета европска титула. Европски трофеј од актуелните играчи имаат само Данецот Лауге и Германците Волф, Дамке и Колбахер.

Данците се актуелни светски и олимписки шампиони, но на европскиот трон не биле уште од 2012 година кога ја освоија титулата во Белград. Данска го загуби финалето пред две години од Франција, но сега е фаворит, игра дома пред околу 15.000 свои фанови. Сепак и во 2014 година (тогаш од Франција) Данска играше финале во Хернинг, а го загуби.

Данска и Германија играа меѓусебе пред само шест дена, кога Данците беа подобри со 31-26. Досега само еден домаќин на ЕП ја има освоено титулата, Шведска во 2002 година.

Од 15.15 часот е дуелот за трето место, Исланд и Хрватска ќе водат битка за бронзата. Исланѓаните пред 16 години беа трети на ЕП, сега може да го повторат успехот. Хрватска се надева на седми медал од европските првенства. И овие два тима неодамна се сретнаа еден против друг, славеа Хрватите со 30-29.

Во Sport Life има и Специјали за двата меча кои се играат денеска. Може да се обложите на огромен број игри поврзани со голови, исклучувања, стрелци, седмерци…

 

- Оглас -

Најнови вести