11.8 C
Skopje
вторник, 28 октомври 2025

Дојде денот, Столе Димитриевски вечерва ќе брани за Валенсија

Тренерот на Валенсија, Карлос Корберан, вчера потврди дека Столе Димитриевски ќе биде на голот на вечерашниот натпревар од Купот на Кралот против Марасена и тоа ќе биде прв официјален настап за Македонецот сезонава во својот клуб.

На сите мечеви во лигата досега бранеше Хулен Агирезабала, кој е на позајмица од Атлетик Билбао, но барем во Купот. Столе ќе биде „единица“ на Лилјаците. Она што е најлошо за Столе е што Валенсија треба да му плати казни на Атлетик ако Агирезабала не брани, затоа и го форсираат Баскиецот пред нашиот чувар на мрежата.  

„Димитриевски ќе игра. Постојат тимови кои одлучуваат да ротираат голмани. Она за што сум јасен е дека тимот треба да биде конкурентен и да има одлични голмани, а, за среќа, Валенсија ги има“, рече Корберан. 

Димитриевски потпиша за Валенсија во 2024 година од Рајо Ваљекано со намера да се етаблира како прв избор на голман. Сепак, присуство на Ѓорѓи Мамардашвили го ограничи неговото учество минатата сезона, во која играше во Ла Лига, и тоа кога беше повреден Грузиецот, како и во Купот.

Столе беше лут и што не го доби финансискиот бонус, во кој се предвидуваше да земе пари ако брани барем на десет меча во сезоната, а остана на девет.

Летоска не доби некоја понуда која не се одбива и остана во Валенсија, каде што, за жал, е во втор план. Вечерва ќе брани против нисколигашот и ќе се обиде да ја зачува својата мрежа, особено што би сакал на тој начин да му ја посвети сувата мрежа на легендарниот голман на Валенсија, Хосе Мануел Очоторена, кој почина завчера, по што Столе објави нивна заедничка слика од тренинг. 

- Оглас -

Најнови вести