Дојде и тој ден – Мбапе стана „крал“!

Францускиот интернационалец Килијан Мбапе е нов фудбалер на Реал Мадрид. Трансферот што се најавуваше неколку години, сега конечно се реализира.

Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата во иднина ќе го носи дресот на Кралскиот клуб. Реал Мадрид предмалку и официјално го потврди доаѓањето на Мбапе.

Официјалното соопштение е многу кусо и се вели дека Килијан Мбапе во наредните пет години ќе биде член на Реал Мадрид. Допрва ќе следува неговата официјална промоција.

- Оглас -

Најнови вести