Дојде и тој ден, Новак Ѓоковиќ и официјално е нов рекордер по бројот на недели на првото место!

Асоцијацијата на тениски професионалци, АТП, ја објави својата најнова ранг-листа, а на неа, како што се знаеше и претходно, на прво место е Новак Ѓоковиќ со 6.980 поени.

Карлос Алкараз, кој синоќа го загуби финалето во Рио, е втор со 6.780, па не дојде до ситуација првите двајца да имаат еднаков број поени, а и да се случеше тоа, Новак пак ќе беше прв.

Така, Ѓоковиќ од денеска е нов апсолутен рекордер во историјата на тенисот со 378 недели како број 1, ја надмина Штефи Граф, која 377 недели беше најдоброрангирана во женска конкуренција. Во топ 5 на сите времиња се и Мартина Навратилова со 332, Серена Вилијамс 319 и Роџер Федерер со 310 недели.

Србинот во 2011 година за првпат беше број 1 на АТП-листата, па од последните 587 недели, Ѓоковиќ е прв со 378, и тоа во период од 22 недели во екот на корона-вирусот во 2020 година, кога листата беше „замрзната“.

Ѓоковиќ има добра прилика до крајот на годинава да стане рекордер и по бројот на освоени гренслем-титули, па заедно со останатите важни рекорди кои ги држи, неговите навивачи имаат аргументи зошто го сметаат за најдобар тенисер во историјата.

- Оглас -

Најнови вести