18.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Дојде и тој ден: Црвена ѕвезда загуби во домашното првенство по 484 дена!

Серијата на Црвена ѕвезда без пораз во првенството на Србија заврши вечерва, по 484 дена. Црвено-белите од Белград веќе од поодамна се шампиони на Србија, па си дозволија луксуз да загубат од Раднички Крагуевац со убедливи 4-1.

Последен пат Црвена ѕвезда загуби на 20 декември 2023 година, кога беа поразени со 2-1 од вечниот ривал Партизан.

За екипата на Раднички Крагуевац настапува и нашиот интернационалец Лука Станковски, кој доби шанса за настап во 67-мата минута.

На пет кола до крајот, Црвено-белите имаат 89 бода, неверојатни 25 повеќе од Партизан и гол-разлика од 109 дадени и 27 примени погодоци.

- Оглас -

Најнови вести