Дојде како позајмен играч во Марсеј од Манчестер јунајтед, денеска направи фаул за во затвор (Видео)

Ерик Баји кој игра за Олимпик Марсеј како позајмен фудбалер од Манчестер јунајтед денеска направи непромислен потег и веднаш доби црвен картон на меч од купот на Франција.

Против нисколигашот Херес, Баји стартуваше грубо и директно со отворен ѓон во градите на Муса, па беше исклучен во 15-та минута.

Стартот беше страотен и Марсеј неочекувано остана со 10 фудбалери на гостувањето ка ј Херес.

По првото полувреме Марсеј и со играч помалку води со 1:0 на гости кај тоталниот аутсајдер.

- Оглас -

Најнови вести