Дојде Менди, Лампард повеќе нема да се нервира со Кепа

Едуар Менди официјално потпиша петгодишен договор со Челзи по комплетирањето на трансферот од редовите на Рен за сума од 25 милиони евра. Сенегалскиот чувар на мрежата е седмото летно засилување на Сините, а од Менди се очекува да биде прв избор на Лампард на голманската позиција.

Неодамнешниот голман на Рен претставува замена за Кепа Аризабалага, кој комплетно ја загуби довербата од тимот по лошите настапи, особено по последниот кикс во поразот од Ливерпул со 0-2.

Според најавите на менаџерот Лампард, има шанси Менди да дебитира уште во третото коло, односно претстојниов викенд кога Челзи ќе гостува кај ВБА.

- Оглас -

Најнови вести