17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Дојде моментот кога Македонија треба да докаже дека има вредно место на европската фудбалска мапа

Доколку сака да ги задржи шансите за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се игра во Германија, само победа и ништо друго не доаѓа во опција за македонската фудбалска репрезентација на денешниот меч против Украина во Прага.

Македонија и Украина имаат по седум бодови од пет меча и се на делба на третото и четвртото место во групата каде убедлив лидер е Англија (13 бодови, а втора е Англија со седум бодови, но од четири дуели.

Оптимизам владее во македонскиот табор, иако статистиката и традицијата не се на наша страна. Украина ја победува Македонија на последните четири меѓусебни дуели и тоа со 3:2, 2:1, 2:0 и 1:0. Сепак традицијата постои и да се сруши, а ова е најдобар можен момент за македонските фудбалери да покажат дека имаат квалитет и дека може да бидат рамноправни, па и подобри од Украинците.

Калкулации има многу, но јасно е дека Македонија едноставно мора да брка победа за да биде во трка за посакуваното второ место. Освен дуелот со Украина, до крајот на квалификациите Македонија ќе гостува во Рим на Италија и потоа во Скопје ќе ја пречека Англија.

Малта по средбата со Македонија ќе гостува на Малта каде е апсолутен фаворит за победа, а во последното коло ќе игра дома со Италија. Токму Аѕурите се во најповолна ситуација затоа што денеска треба сигурно да ја победи Малта, а потоа дома ќе игра против Македонија, а на гости оди кај Украина и Англија.

- Оглас -

Најнови вести