Дојде објаснување зошто Белингам не доби голема суспензија поради црвениот картон

Џуд Белингам доби суспензија само од два натпревара по црвениот картон што го заработи викендов, објави Шпанската фудбалска федерација. Реал Мадрид, сепак, најави дека ќе ја обжали одлуката.

Во саботата, Белингам доби директен црвен картон уште во првото полувреме од натпреварот против Осасуна, откако беше забележано дека му кажува нешто на главниот судија Хозе Луис Мунуера Монтеро.

Постоеја шанси тој да добие многу подолга суспензија – меѓу 4 и 12 натпревари, зависно од тоа што точно му кажал на судијата. Во официјалниот извештај, Мунуера Монтеро наведе дека Белингам му рекол F*ck you, додека Реал тврди дека тој изговорил F*ck off, што не било директно насочено кон судијата.

Дисциплинската комисија изгледа ја прифатила верзијата на клубот и играчот бидејќи не биле приложени доволно докази за навредлива реплика.

Белингам ќе ги пропушти натпреварите против Жирона и Бетис во Ла Лига, но ќе биде на располагање за првиот полуфинален дуел од Купот на Шпанија против Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести