Мауро Икарди најмногу се радува на доаѓањето на новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино и очекува од сонародникот да добие посериозна шанса да игра за популарните Светци од Париз.
Икарди пристигна во ПСЖ од Интер прво какопозајмен играч, а потоа и со откупен и перманентен договор со францускиот шампион. И со рејтинг на еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но ја загуби довербата од Томас Тухел.
Одреден период Аргентинецот беше повреден, но потоа и во немилост на Тухел, па во 2020 година одигра само 25 натпревари за ПСЖ. Дојде од Интер со педигре на врвен стрелец, откако на 188 меча постигна дури 111 погодоци.
Аргентинските медиуми објавија дека Покетино има намера да му даде посериозна шанса да игра во стартната постава на ПСЖ во следниот период.