Доаѓа пролет и плејоф, фаворитите нема да се лизнат на мразот во НХЛ

8201 Бостон бруинс – Отава сенаторс (НХЛ, 01 часот)

Бостон обезбеди настап во плејофот, но има идеална шанса и ривал да освои нови бодови во трката за што подобра позиција пред стартот на доигрувањето за титулата во НХЛ-лигата.

Отава игра малку подобро во вториот дел од сезоната, но нема шанси за настап во плејофот.

За Сенаторите како да е е проколнат мразот во легендарната сала „ТД Гарден“ во Бостон и имаат 7 порази по ред како гости против Бруинс.

Проблем за Бостон е што нема да игра извонредниот напаѓач Давид Пастрнак, кој е втор клупски поентер и има 38 гола и 33 асистенции, односно 71 поен вкупно.

Сепак, Бруинс имаат екстра квалитет во нападот и без него, тука се искусните Марчанд, Бержерон и Де Бруск, како еден од најдобрите стартни напади во НХЛ-лигата.

Предлог тип: 1&5+ (2.02)

 

8353 Каролина хјурикејнс – Детроит редвингс (НХЛ, 01 часот)

Каролина сè уште може да се надева на првото место во Источната конференција, но и мора да внимава на конкурентите за да не го загуби второто место за плејофот.

Ураганите имаат импресивна сезона и се само еден од петте тима во НХЛ што имаат 100 или повеќе бодови во моментов.

Тимот им е одлично избалансиран, а лидер им е летечкиот Финец, Себастијан Ахо. Тој игра во топ-форма и е прв поентер кај Каролина со 75 поени или во комбинација 34 гола и 41 асистенција.

Детроит е 11-ти на табелата во Источната конференција, без шанси за настап во плејофот, па игра порелаксирано.

Предлог тип: 1&5+ (1.67)

 

8356 Тампа Беј лајтнинг – Анахејм дакс (НХЛ, 01 часот)

Шампионот Тампа Беј игра лошо во финишот на регуларниот дел на сезоната и има пет порази на последните шест меча.

Тоа ги спушти на петтото место во Источната конференција и ако не направат пресврт во последните 9 меча во плејофот, ќе немаат предност на домашен терен.

Стамкос, Кучеров, Палат, Поинт и останатите хокеари на актуелниот првак сега имаат шанса да тргнат во победника серија бидејќи Анахејм веќе нема шанси за настап во плејофот.

Тампа има императив да ги осбои бодовите ако сака да се пробие во квартетот најдобри екипи во Источната конференција во регуларниот дел од сезоната.

Предлог тип: 1 (1.40)

 

8365 Колорадо авеланш – Њу Џерси девилс (НХЛ, 03 часот)

Колорадо е во фантастична форма и има серија од 7 победи, па со 112 бода е најдобриот тим во целата лига.

Лавината гази сè пред себе и во победничката серија даде дури 31 гол, а на последниот меч и буквално го растури Лос Анџелес со 9:3.

Во топ-20 моментно Колорадо има дури четворица хокеари според бројот на поени, во кои се сметаат заедно головите и асистенциите.

Рантанен има 87, Кадри 83, Мекинон 82 и Макар 81, а машинеријата на Колорадо е најефикасна во Западната конференција со вкупно 284 гола и втора во Лигата зад Флорида со 305 погодоци.

Њу Џерси нема да игра во плејофот, а ноќеска ќе претрпи пораз од најдобрата екипа во НХЛ.

Предлог тип: 1&7+ (2.85)

 

8367 Ванкувер канукс – Аризона којотс (НХЛ, 04 часот)

Bанкувер игра одлично кога е најпотребно и со четири победи по ред фати приклучок со екипите што се борат за плејоф во Западната конференција.

Иако се на деветтото место, односно едно ниво под плејоф-зоната, Канукс се во топ-форма и имаат право да се надеваат на учество во разигрувањето за титулата во НХЛ.

Аризона е на последното место во истата конференција и одамна крена раце од плејофот.

Ванкувер ја победи Аризона пред една седмица како гостин со 5:1, а интересно е што и претходниот меѓусебен меч што го играа во февруари заврши со истиот резултат, па може да има и хет-трик ноќеска.

Предлог тип: 1&6+ (2.40)

 

- Оглас -

Најнови вести