Дојде ред и Славен Белупо да се радува – игра против Рудеш

Славен Белупо – Рудеш (18 ч.)

Во последните пет месеци Славен Белупо има само една победа во хрватското првенство, но и тоа е доволно да не биде во зоната за испаѓање. Денеска е меч на кој Славен едноставно мора да победи. Игра против последнопласираниот Рудеш, кој освои само седум бодови во досегашните 25 кола. Интересно е што овие две екипи сезонава веќе играа двапати и на двата дуели резултатот беше ист – 1-1.

Сега е ред Славен да победи, а Рудеш веќе мисли на тоа како ќе игра следната сезона во Втората лига.

Предлог тип: 1&3+ (1.92)

 

Шамбли – Шоле (20:30 ч.)

Домаќинот е на сигурното второ место кое води до промиција во Лига2 во Франција. Шамбли е единствениот тим во Национал лигата на Франција (трета лига) што нема пораз на домашен терен. Во 14 меча има 10 победи и 4 ремија, само со седум примени гола досега.

Шоле е тим кој знае да изненди, а гостите се и под притисок дека мора да освојат бодови од ова тешко гостување ако сакаат да стигнат до третото место, кое води во плејофот за едно скалило погоре. Иако е познато дека во Франција најчесто нема многу голови, ова се две екипи кои знаат да погодуваат.

Предлог тип: 1-3&1-3 (1.96)

 

Панатинаикос – Реал Мадрид (20 ч.)

Меч кој е со многу поголема важност за домаќините. На грчкиот тим му е потребна победа за сигурно да биде меѓу најдобрите осум екипи во кошаркарската Евролига. Реал Мадрид е многу поопуштен, а Кралевите сезонава и не покажаа дека се многу сигурни на гости. Мадридскиот гигант претрпе шест порази во 14 меча, па според тоа дека ПАО дома е со 10 победи во 13 средби, јасно е дека Грците се многу поблиску до триумф.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Ал-Ахли СЦ – Ал-Раед (18:40 ч.) 

Малку познати екипи, дел од првенството во Саудиска Арабија. Ал-Ахли СЦ е познат како тим кој игра без многу калкулации. Постојано напаѓа и затоа постигнува, но поради тоа што не обрнува внимание на одбраната, знае и да прими доста голови.

Домаќините се фаворити, но најдобро е да се одигра на погодоци, и тоа на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.95)

 

Гуарани – Мирасол (23:15 ч.)

Ова е реванш-меч од полуфиналето на плејофот во Бразил. Мирасол има одлична залиха од 2-0 по првите 90 минути, а сега притисокот е врз домаќините, дека треба да дадат најмалку два погодоци без да примат ниеден ако сакаат да се надеваат на место во финалето.

„Кецот“ е реална опција, но прашање е дури и да победи Гуарани, дали тоа ќе биде со резултат по кој на крајот домаќините ќе се радуваат.

Предлог тип: 1 (2:18)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести