Македонсите фудбалери не сопираат да напаѓаат и да постигнуваат голови против Гибралтар. По стартниот еврогол на Енис Барди, а потоа и двата брзи погодоци на Бојан Миовски, сега дојде редот на Дарко Чурлинов да се запише во листата на стрелци.
Се играше 30 минута кога Тодороски одлично продре во нападот, уфрли во петерецот, а таму беше Чурлинов, кој непречен од никого, воопшто не му беше тешко да ја смести топката во празната мрежа.