Дојде редот на Ел Класико да заиграат и „децата“

Френки де Јонг од едната и Федерико Валверде од другата страна се младите фудбалери кои од пред некој месец се како главни мотори и ја држат средината на теренот во Барселона, односно во Реал Мадрид, а вечерва за првпат ќе заиграат на популарното Ел Класико. Според некои анализи, нивниот дуел може да биде еден од клучните за исходот на мечот.

Покрај нив, од „следната генерација“ тука се и Ансу Фати и Карлес Перес како нови сензации на Барса, а Винисиус и Родриго како надежи на Реал. Тренерите треба да одлучат кои од нив ќе играат, Фати и Родриго посакуваат деби на Ел Класико, но веројатно и резултатот ќе диктира дали ќе бидат фрлени во оган.

Холанѓанецот Де Јонг е со најголема минутажа од сите овие млади играчи сезонава, тој е стандарден, Барса максимално го користи играчот кој го купи од Ајакс. Тој го размрда средниот ред во којшто доминираа Бускетс, Ракитиќ, Артур и Видал и сигурно ќе биде стартер.

Уругваецот Валверде е откритието на Зидан, Валверде го игра тоа што требаше да го игра Погба, кој Реал не успеа да го купи летоска. Валверде со брзината и борбеноста се наметна кај Зидан и заедно со Каземиро се столбови во средниот ред, па Модриќ и Крос почесто се на клупата отколку во претходните сезони.

- Оглас -

Најнови вести