Дојде вечерва да се игра мечот со најмногу обложувања во историјата, на кој за 30 секунди реклама се плаќаат 7 милиони долари!

Вечерва во САД се игра најважниот меч во историјата на спортот, популарниот Супербол. Тоа е дуелот кој треба да го даде шампионот во НФЛ првенството. Филаделфија иглс и Канзас сити чифс ќе се борат за трофејот.

Според пресметките, ова ќе биде најиграниот меч во историјата на обложувањето. Рекордни 50,4 милиони Американци одиграле тикет во обложувачница, а вложени се повеќе од 16 милијарди долари.

Коефициентите покажуваат дека Филаделфија е благ фаворит, но во еден ваков дуел, одлужува и моменталната инспирација и еден момент може да биде клучен за победникот, кој ќе влезе во историјата на американскиот спорт.

Неверојатен е фактот дека само за тревата на која ќе се игра финалето, се вложени 800.000 долари.

Освен што е мечот со најмногу обложувања, со години ова е и најскапиот настан за телевизиска реклама. За 30 секунди рекламирање за време на Суперболот мора да се одвојат неверојатни седум милиони долари.

 

- Оглас -

Најнови вести