Дојде во Милано да игра против Интер, а тој преку „Тиндер“ бара девојка за една вечер

Екипата на Рапид Виена утревечер ќе гостува на „Џузепе Меаца“, во реванш-мечот од 16-финалето во Лигата на Европа. По првиот меч одигран во Виена, Интер има предност од 1-0, па италијанскиот гигант на свој терен сега само формално треба да го завери пласманот во следната фаза.

За тоа дека се речиси без шанси против Интер, се свесни и поголемиот дел од играчите на Рапид, но неверојатно е дека некои од нив заминале во Милано и во мислите имаат нешто друго, а не фудбалот. Играчот за врска, Филип Шобесбергер на својот профил на социјалната мрежа „Тиндер“ поставил статус за тоа што бара во Милано.

„Во Милано сум две ноќи, па подобро ќе ми биде брзо да ја побарам мојата манекенка“, стои на пораката објавена на социјалната мрежа „Тиндер“.

Италијанските медиуми велат дека профилот е на фудбалерот, а Филип како профилна слика има поставено момент од првата средба што ја играше пртив Интер.

 

- Оглас -

Најнови вести