Бразилскиот фудбалер Ендрик во Реал Мадрид пристигна како големо засилување и беше најавуван како новата ѕвезда на екипата. „Кралевите“ за него платија 47.5 милиони евра на Палмеираш, но Ендрик оваа сезона одигра само 122 минути и постигна само два гола и тоа во 94-тата минута против Ваљадолид и во 95-тата минута против Штутгарт.
Британските медиуми пренесуваат дека 18-годишниот Ендрик уште во јануари ќе го напушти Реал Мадрид и ќе оди на позајмица во Премиер лигата и тоа не било каде, туку кај последнопласираната екипа. Саутемптон оваа сезона мака мачи со ефикасноста, па во бразилецот гледаат спас за лошата сезона.