Дојде време и Гвардиола да се жали – Нема пари за зимски засилувања

И Манчестер сити нема пари за засилувања, барем според изјавата на тренерот Пеп Гвардиола, што се граничи со чудо, со оглед на богатите газди од Катар, кои раководат со клубот.

Гвардиола има проблем во дефанзивата и остана само со еден искусен стопер, Николас Отаменди, откако Ејмерик Лапорт се повреди, а и Џон Стоунс е надвор од строј. Сега принудно стоперски тандем се Отаменди и Фернандињо, кој е дефанзивен играч за врска, но мора да ја крпи дупката во задниот бедем пред голот на Едерсон.

На последните три меча одбраната функционираше одлично, Манчестер сити не прими гол, но тешко дека ќе може да издржи со скромен фонд на стопери на повеќе фронтови во продолжение од сезоната.

„Не е моја работа да се занимавам со трансфери и дали има пари. или не, но речиси сигурно нема да купуваме играчи во зимскиот предоен рок. Немаше доволно пари летово, така ќе биде и за зимскиот преоден рок“, вели Гвардиола.

Манчестер сити мора да внимава и на финансискиот фер-плеј, откако беше на тапет во ФИФА и УЕФА, но мина со симболична парична казна, иако се споменуваа и драконски санкции.

 

- Оглас -

Најнови вести