Дојде време и Шефилд да загуби на гости

Арсенал – Челзи (Фудбал, Англија, 15.00 часот)

Дуелот на лондонските екипи доаѓа можеби во вистински момент за еден од тимовите со победа да излезе од кризата. Арсенал три кола по ред не знае за победа, новиот тренер Артета уште не се израдувал, а Челзи загуби на три од последните четири меча во Премиерлигата. Проблем кај Арсенал се и повредите, доста играчи се неизвесни, а Топчиите на домашен терен во лигашки меч не победиле уште од 6 октомври. Во последните години Челзи ретко победува на „Етихад“.

Предлог тип: 1Х & 2-5 (2.15)

 

Манчестер сити – Шефилд јунајтед (Фудбал, Англија, 19.00 часот)

Во Сити уште се лути и разочарани после киксот кај Вулверхемптон каде во последните десетина минути го загубија мечот на кој водеа со 2-0. Шефилд има низа од четири меча по ред без пораз, а тие се и тим кој не знае за пораз на гости во Премиерлигата сезонава, но на таа серија ќе ѝ дојде крај. Граѓаните немаат избор, а традицијата вели и дека домашните нема да примат гол, иако овие два тима не играле меѓусебе од 2006 година.

Предлог тип: 1-1 (1.70)

 

Бирмингем – Лидс (Фудбал, Англија Чемпионшип, 16.00 часот)

Лидс на Алиоски цврсто го држи второто место кое води во Премиерлигата, но тимот има три меча по ред без победа, и добро би било да се вратат на триумфалниот пат. Бирмингем е во криза, освои само еден бод во последните четири кола. Од 14 септември наваму, Бирмингем прима гол на секој натпревар. Лидс во октомври дома славеше со 1-0, но тимот на Алиоски на последните две гостувања во вториот најголем град во Англија губеше со по 0-1.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.59)

 

Емполи – Ливорно (Фудбал, Италија Серија Б, 21.00 часот)

Ливорно е последен, има четири порази по ред, и ова е шанса за Емполи да освои три бода. Но, мечевите на Емполи во последно време најчесто се со 0-2 гола и тимот ретко победува. Ливорно никогаш не победил кај Емполи, но последен пат се сретнале во 2013 година. Од последните шест домашни мечеви на Емполи, дури четири завршија со резултат 1-1. Ливорно од мај наваму нема дадено повеќе од еден гол на гостување.

Предлог тип: 2-3 гола (1.97)

 

Ризеспор – Фенербахче (Фудбал, Турција, 17.00 часот)

Истанбулскиот великан загуби само еднаш во последните 13 дуели со Ризеспор. На девет од последните десет гостувања на Фенер во Ризе, паѓаа три или повеќе голови. Двата тима победија во минатото коло и полни се со самодоверба, па не е чудно повторно да има ефикасен меч со погодоци на двете страни. Во минатата сезона, Ризе дома го совлада Фенербахче со 3-0 и така се прекина 15-годишна традиција на нивни дуели со голови на двете страни.

Предлог тип: Х2 & ГГ (2.00)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Селтик – Глазгов Ренџерс 1+I & 3+ (2.30)

Ливерпул – Вулверхемптон 1 & T1 3+ (2.35)

Манчестер сити – Шефилд јунајтед Т1 2+ & ГГ (2.45)

- Оглас -

Најнови вести