Дојде време Вардар да биде тотален аутсајдер на секој меч

Работнички е домаќин на Вардар во меч на кој ниеден тим нема да има предност на домашен терен, затоа што двата клуба ја делат арената „Тодор Проески“, а средбата се игра без публика поради заштитата од Коронавирусот. По досега одиграните три кола, се покажа дека Вардар е далеку од тимот кој го имаше ланската сезона кога беше убедлив лидер.

Црвено-црните дадоа само еден гол во повеќе од 270 минути игра, а среќа за нив е што токму тој погодок им донесе три бода и победа над Академија Пандев во Струмица. На двата меча одиграни на свој терен, Вардар два пати загуби и тоа без да даде гол (0:1 од Борец и 0:4 од Силекс).

Работнички две години чека да се израдува на победа над соседот. На последните пет меѓусебни дуели Вардар има три победи и две нерешени, а Работнички во тие повеќе од 450 минути игра, постигнал само еден гол. Сега Романтичарите имаат одлична шанса да ја прекинат оваа лоша традиција.

Освен мечот на Арената, во Скопје се игра и дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров – Беласица, додека во Струмица, Академија Пандев е домаќин на Струга Трим Лум.  Сите три меча започнуваат во 16:30 часот, а може да се обложите во понудата на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести