Петтите натпревари знаат да бидат пресудни во една плејоф-серија во која резултатот е 2-2 во победи, па затоа не им е сеедно на НБА-тимовите кои ќе играат вечерва дали ќе имаат предност или негатива од 3-2.
Интересно е дека во дуелите на Њујорк никс и Индијана пејсерс засега секогаш победува тој што е домаќин, а во серијата помеѓу Денвер нагетс и Минесота тимбервулфс сите четири меча им припаѓаа на екипите кои беа гости.
Никс водеше со 2-0, сега е 2-2, па њујорчаните се под притисок дека мора да го одбранат домашниот терен. Актуелниот првак Нагетс, беше во негатива од 0-2, потоа двапати победи во Минеаполис и треба да продолжи да јава на бранот на успехот и конечно да ги израдува своите фанови кои ќе дојдат во салата во Денвер.
Според квотите во Sport Life, фаворити за победа се домашните тимови. Sport Life има и богата примамлива понуда на играчи за кои може да се обложите на поени, скокови, асистенции, како и микс од трите статистички категории.