Дојде време за Бекам и Џерард да влезат во Куќата на славните

Куќата на славните во Премиер лигата доби двајца нови членови во Стивен Џерард и Дејвид Бекам. Поранешните репрезентативни колеги и големи ривали како ѕвезди на Ливерпул и Манчестер јунајтед се приклучија на одбраното друштво кое засега е составено од Анри, Ширер, Кин, Кантона, Лампард и Бегкамп.

Бекам како шесткратен англиски првак со Манчестер јунајтед беше еден од главните актери на „Театарот од соништата“. Запиша 265 настапи за Црвените ѓаволи во кои забележа 62 погодоци и 80 асистенции, со дури 18 гола од слободен удар што е рекорд во Англија.

Џерард пак, големиот миленик на навивачите на Ливепрул, не може да се пофали со премиерлигашка титула, но дефинитивно заслужува да биде во Куќата на славните како еден од најдобрите играчи за врска во историјата. Со вкупно 504 настапи, некогашниот капитен на Црвените застана на учинок од 120 гола и 92 асистенции, а по фудбалската кариера започна многу успешна тренерска кариера како предводник на Ренџерс со кои сезонава на доминантен начин ја освои титулата во Шкотска.

- Оглас -

Најнови вести