Дојде време за одмазда: Барселона е голем фаворит против Баерн Минхен

Во денови кога на фудбалски план во фокусот се репрезентативни настапи, возбудливо е на кошаркарските терени. Денеска и утре се играат мечеви од второто коло во кошаркарската Евролига, најквалитетното континентално натпреварување.

Вечерва на програмата се четири интересни меча, а посебно интересно може да биде во Минхен, каде што Баерн е домаќин на Барселона. Овие два спортски колективи неодамна играа во фудбалската Лига на шампиони, а Баерн убедливо со 3:0 славеше на „Камп ноу“. Ако на фудбалски план Баерн е доминантен, на кошаркарскиот терен ситуацијата треба да биде обратна.

Каталонскиот гигант игра одлично и во првото коло без милост со 32 разлика ја победи Алба Берлин, а сега за ривал имаат уште еден германски тим. Баерн во првото коло несреќно со 69:68 загуби на гости кај Макаби и сега сигурно ќе сака да се покаже против големиот ривал.

Според коефициентите во Sport Life, Барселона е голем фаворит за победа, но традицијата вели поинаку. Баерн победи во двата лански дуели против Барселона (дома со 90:77 и на гости со 82:77), па тоа треба да е дополнителен мотив за домаќините.

Вечерва играат и лутите ривали Панатинаикос против Фенербахче, а повеќе шанса се дава на гостите од Истанбул. Комплетната понуда за дуелите од Евролигата може да ја најдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести