Дојде време за прва победа на Њукасл?

1001 Њукасл – Норвич (20.30 часот)

Ако некого може да победи Њукасл, веројатно тоа е Норвич. Чавките по 13 кола не знаат за триумф и ако не ги совладаат ниту Канаринците, кои има се соседи на табелата (Норвич има само три бода повеќе од Њукасл, кој е последен), тогаш навистина ќе имаат проблем да опстанат во Премиер лигата, дури и ако драстично се засилат во јануари. Норвич на 13 меча има постигнато само 7 голови, тие се убедливо најнеефикасен тим во Премиер лигата, но во добра форма се, освоија 7 бода во последните три кола.

Предлог тип: 1 (2.00)

 

3003 Салернитана – Јувентус (20.45 часот)

Новиот прволигаш е последен на табелата само со 8 бода во 14 меча. Салернитана има дадено само 11 голови. Најтрофејниот клуб е разочарување сезонава, има 14 бода помалку од првопласираниот Наполи и дури пет порази во првите 14 рунди. Секогаш е мотив да се игра против Јувентус, но тоа и поддршката од публиката веројатно нема да бидат доволни да се освои бод против Старата дама. Јуве има загубено при единствената посета на Салерно во 1999 година. Кјеза е повреден кај Јуве од позначајните играчи.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.26)

 

1002 Лидс – Кристал палас (21.15 часот)

Лидс не игра добро и ефикасно како во минатата сезона, во моментов има скромни 12 бода на 13 меча и само 12 постигнати голови, додека Кристал палас е специјалист за ремија, имаат седум нерешени во 13 кола и тие се тим со најмногу нерешени резултати во Премиер лигата. И Лидс често игра нерешено, шестпати сезонава. Палас 15 години не победил на гостување во Лидс, а традицијата најавува и голови.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.17)

 

3001 Аталанта – Венеција (18.30 часот)

Аталанта има три победи по ред, последната викендов над Јувентус на гости, и се наоѓа на седум бода од лидерот Наполи. За Венеција, која загуби од Интер, заврши мини-серијата од две победи по ред. Таа е на пет бода над опасната зона. Венеција е втората најнеефикасна екипа во лигата, а нападот на Аталанта е убиствен. Овие два тима не играле меѓу себе уште од 2003/2004, кога тимот од Бергамо беше второлигаш. Традицијата најавува малку голови, но Аталанта без проблем може да даде барем два.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.89)

 

3004 Верона – Калјари (20.45 часот)

Верона е многу непредвидлива екипа која подобро игра против фаворитите отколку кога и самата е фаворит како вечерва. Калјари има само една победа и се бори за опстанок. Од последните десет мечеви на Верона во Серија А, дури девет беа со голови на двете страни. Верона многу често игра ефикасни мечеви, додека Калјари, кој повеќе од еден месец нема победа, има лоша одбрана и најчесто на нивните средби има од два до четири гола. Верона дома има пет победи по ред, а Калјари од 2004 не победил на лигашко гостување на „Бентегоди“.

Предлог тип: & 2-5 (1.56)

- Оглас -

Најнови вести