Игор Карачиќ си оди од Вардар и ќе игра за послкиот првак Кјелце по завршувањето на оваа сезона, а двете страни се договорија за тригодишна соработка.
Карачиќ е еден од ракометарите кои се од почетокот на проектот на Вардар кон шампионските височини, а Хрватот погоди џекпот со останувањето кај „црвено-црните“ со доаѓањето на Сергеј Самсоненко.
Хрватскиот репрезентативец е член на Вардар од 2012 година, а се радуваше на многу домашни трофеи и на највредниот во историјата на „црвено-црните“, на европскиот пехар пред две години, кога скопјани станаа европски шампиони.