Кошаркарите во среда го играат последниот меч од претквалификациите за пласман на Светското првенство 2027 година во Катар. Противник на избраниците на Марјан Илиевски е селекцијата на Унгарија, а мечот се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, а не во Куманово како што првично беше најавено.
Од Кошаркарската федерација на Македонија веќе ги пуштија во продажба и билетите за дуелот во среда, а цената изнесува симболични 150 денари. Билетите се продаваат преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн.
Билетите се продаваат под мотото „Дојдете да победиме заедно“.