Лестер е сè поблиску до испаѓање од Премиер лигата. Тимот се наоѓа на претпоследното место на табелата само со 17 бода од 31 меч и моментално заостанува 15 бода во однос на Вулверхемптон, тим кој е на последното место што носи опстанок.
На стадионот „Кинг Пауер“ во Лестер гостуваше Њукасл, а дел од трибините беа празни, во знак на револт од страна на навивачите на домашниот тим поради слабите резултати на Лисиците сезонава.
Њукасл беше фаворит и пред мечот, а само што започна дуелот, гостите започнаа силовито и доминантно. Домашната одбрана издржа нецели 100 секунди пред првиот гол на Њукасл. Во 11-тата минута веќе беше 0:2, а катастрофата беше потврдена со третиот гол на гостите во 34-тата минута.
По тој погодок, јасно беше дека Лестер нема шанси да се спаси од пораз, па дел од навивачите кои сепак решија да дојдат на стадион, брзо се покајаа и уште пред полувремето на дуелот ги напуштија своите места.
Дел од нив се вратија да го догледаат второто полувреме, а оние кои решија воопшто да не се вратат, не згрешија, затоа што резултатот до крајот остана непроменет по тие 0:3 во 34-тата минута.
Leicester fans have seen enough of the first half at the King Power Stadium 🫣 pic.twitter.com/DrE4LfHall
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) April 7, 2025