Дојдоа да навиваат за Њукасл, а станаа херои на „Сент Џејмс Парк“ (Видео)

Њукасл синоќа го играше првиот меч на свој терен по доаѓањето на новите газди, Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија. Стадионот „Сент Џејмс парк“ беше исполнет до последно место, а навивачите му приредија топло добредојде на богатиот сопственик.

На теренот, Њукасл поведе со 1:0, но Тотенхем направи пресврт и на крајот славеше со 3:2. Освен головите и доаѓањето на новиот газда, мечот го одбележа една несекојдневна ситуација пред крајот на првото полувреме. На трибините настана паника откако на еден човек му се слоши и мораше брзо да се реагира.

Дури и мечот беше прекинат, а лекарската екипа реагираше за да се спаси животот на навивачот. Сепак, пред да пристигне медицинската помош, на човекот први на помош му притрчаа двајца гледачи. Не беа тоа обични гледачи, туку доктори.

Докторите Причард и Андерсон веднаш започнале со реанимација на човекот кому му беше потребна помош. Таа интервенција може да е и клучна за спасување на животот. Двајцата доктори одлично реагираа и го спасија човекот, а потоа лекарската екипа ја презеде целата ситуација и го пренесе спасениот човек во болница.

Двајцата доктори кои подоцна се вратија на своите места за да го догледаат мечот добија стоечки овации од сите на стадионот.

 

- Оглас -

Најнови вести