Дојдоа на фудбал, а гледаа како ракетите од Иран летаат кон Израел (Фото)

Иран вчеравечер истрела повеќе од 180 балистички ракети кон Израел, а дел од нив на момент целосно им го одвлекоа вниманието на навивачите на стадионот во Исфахан од натпреварот во азиската Лига на шампиони.

Својот натпревар од второто коло на новата сезона од Лигата на шампионите го играа екипите на ирански Сепахан и таџикистански Истиклол од Душанбе, а домаќинот победи со убедливи 4-0.

Веќе за време на натпреварот на социјалните мрежи се појавија фотографии кои прикажуваат проектили на небото над стадионот „Нагш-е Џахан“, а во тој момент апсолутно никој на трибините не гледаше кон теренот.

Навивачите ги набљудуваа ракетите на патот кон Израел, а информациите за исходот од нападот на Иран варираат во зависност од изворот.

Иранската Револуционерна гарда соопшти дека 90% од нивните проектили успешно ги погодиле целите. Сепак, Израел тврди дека повеќето проектили биле пресретнати од нивната воздушна одбрана. Во Израел не беа пријавени жртви, но властите на Западниот Брег известија за едно загинато лице.

- Оглас -

Најнови вести