Доказ дека Игрите сплотуваат: Заедничко селфи на спортистите од Јужна и Северна Кореја

Јужна Кореја и Северна Кореја се „во војна“ која технички трае 74 години со оглед на тоа дека во 1953 година е потпишано примирје, но никогаш немало и мировен договор, па веќе со децении односите на овие две земји се многу затегнати.

Во последно време политичката тензија беше зголемена, па организаторите на ЛОИ во Париз стравуваа дали спортскиот дух ќе биде задржан на Игрите кога ќе треба спортистите од овие две земји да бидат на мегдан.

Сепак, тоа што се случи на доделување на медалите во мешани двојки во пинг-понг е за огромна почит. Златото го освои Кина, а пингпонгарите на Северна Кореја беа втори, додека Јужна Кореја заврши на третото место.

Спортистите најпрво меѓусебе си честитаа за освоените медали, а потоа сите спортисти кои беа на подиумот направија заедничко селфи за спомен.

https://twitter.com/i/status/1818494440844980621

 

 

- Оглас -

Најнови вести