27.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Доказ дека историјата не се купува со пари – Челзи за првпат ќе игра на „Сантијаго Бернабеу“

Екипата на Челзи вечерва за првпат во клупската историја ќе истрча на легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

Иако Сините од Лондон имаат две европски титули и најдобриот англиски тим во последнава деценија и пол во ова натпреварување, сепак, треба уште многу да напредуваат за да го стигнат нивото на останатите европски великани.

Реал и Челзи минатата сезона исто така играа во елиминациите од Лигата на шампионите, но тогаш се сретнаа на тренинг-центарот „Алфредо ди Стефано“ бидејќи стадионот беше под реконсттрукција.

Низ својата историја, овие екипи петпати се имаат сретнато, а до пред победата на Реал минатата недела, Челзи речиси во сите натпревари излегувал како победник. Првите две средби биле во Европскиот куп на победниците во финалето на кое се играа две средби, како и Европскиот супер куп во 1998 година, како и минатосезонскиот двомеч од Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести