Доказ дека треба да бидете похрабри: Погоди тикет со квота од 7.562, но наместо над 7.000 евра, добивката му е 3.000 евра

За време на репрезентативните возбудувања, во Охрид се најде експерт кој успеа да состави тикет со 13 погодени парови, чиј вкупен коефициент е дури 7.562. Дека и самиот обложувач не верувал дека овој тикет може да биде целосно погоден, покажува фактот дека е уплатен со пет фикса, плус 6 од 8.

Тикетот е уплатен само со 60 денари, а вкупната добивка во овој систем од комбинации изнесува 184.938 денари. Доколку бил похрабар и одиграл без комбинации, туку го уплател во систем 13 од 13, вкупната добивка ќе му изнесувала 453.721 денари, што значи дека наместо сегашните 3.000 евра, ќе имал добивка над 7.000 евра.

ДУРИ НА 10 ОД 13-ТЕ МЕЧА, ДОМАЌИНИТЕ БЕА ПОДОБРИ ЗА ЕДЕН ГОЛ

На добитниот тикет, сите 13 меча се одиграни со знакот „еден“, односно за победа на домаќините. Во „столбот“ погодени се победите на Хрватска против Русија (1:0), Словенија – Кипар (2:1), Македонија – Исланд (3:1), Шпанија – Шведска (1:0) и Гана – Јужна Африка (1:0).

Во системот 6/8 погодени се „кецовите“: Виторија – Крузеиро (3:0), Бургос – Понферадина (1:0), Тистед – Архус (2:1), Латина – Компобасо (4:1), Лондрина – Понте Прета (2:1), Бруске – ЦРБ (1:0), Цеара – Спорт Ресифе (2:1) и Фермана – Пистоесе (1:0).

МНОГУ КОМБИНИРАЛ, НО НАЈВАЖНО Е ДЕКА Е ДОБИТЕН

Обложувач во Куманово е посреќен за 114.063 денари откако му се погодени сите комбинации на тикетот на којшто има 10 натпревари. Ако на охридскиот тикет, едноставно, е одиграно само на победи на домаќините, во Куманово се игра на повеќе комбинации, но најважно е дека сите се погодени.

Еве како се завршени мечевите кои се уплатени на овој тикет: ДР Конго – Бенин 2:0, Мадагаскар – Танзанија 1:1,  Зимбабве – Етиопија 1:1 (1:0), Хрватска – Русија 1:0 (0:0), Малта – Словачка 0:6 (0:3), Жирона – Картагена 2:0 (1:0), Азербејџан – Катар 2:2 (1:1), Сао Пауло – Фламенго 0:4 (0:3), Луксембург – Ирска 0:3, Португалија – Србија 1:2 (1:1).

- Оглас -

Најнови вести