Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, најави дека на крајот од неговиот договор, кој истекува следното лето, ќе си замине од клупата на Граѓаните. Каталонецот ја остава вратата подотворена и вели дека убаво ќе размисли и ќе разговара со раководството, но сосема извесно е дека договорот нема да го продолжи.
Сепак, раководството на Манчестер сити веќе знае кој би го заменил, а тоа повторно ќе биде тренер од Шпанија. Се работи за Мигел Анхел Санчес Муњос или познат како Мичел, кој во моментов е тренер на чудото од Ла Лига, екипата на Жирона. Мичел е фудбалска легенда на Рајо Ваљекано, а таму и ја почна тренерската кариера, пред да се пресели во Уеска. Од 2021 е дел од екипата на Жирона, каде што еден од сопствениците е токму братот на Пеп, Пере Гвардиола.