Диего Шварцман – Рафаел Надал (02:30ч – ОП на САД, четврт-финале)
До оваа фаза на Гренд слемот, Надал загуби само еден сет во четири меча, и тоа во осминафиналето против Марин Чилиќ. Сега Шпанецот има отворен пат до титулата на САД, а претстојниот противник не му е вистински предизвик поради нивната историја.
Надал во кариерата седумпати ги одмерил силите со Шварцман и остварил исто толку победи, а само двапати му дозволил на Аргентинецот да освои сет. Оваа неприкосновена статистика е повеќе од доволна за Надал да не се грижи дали ќе се пласира во полуфиналето, само треба да одигра на нивото што го покажува на ова ОП.
Предлог тип: 2 & <31.5 гемови (2.0)
Бјанка Андреску – Елис Мертенс (01ч – ОП на САД, четврт-финале)
Андреску на хартија е фаворитка во пресрет на четврт-финалната пресметка против Мертенс, но тоа не ѝ гарантира пласман во топ 4 меѓу жените. Канаѓанката и Белгијката првпат ќе се пресметаат меѓу себе, што навестува дека дуелот ќе биде неизвесен и, пред сè, возбудлив за неутралните тениски следбеници.
Андреску досега дозволи да загуби еден сет, во претходното коло против Таунсенд, додека Мертенс запиша четири беспрекорни победи, но се чини дека ноќеска првпат ќе игра меч од три сета.
Предлог тип: >21.5 гемови (1.85)
Атлетико ПР – Гремио (00:01ч – бразилски куп, полуфинале, реванш)
Гремио има удобни 2-0 по првата полуфинална средба, а ноќеска ќе треба да го потврди пласманот и по пауза од три години да се бори за трофејот во купот. По тој дуел, Атлетико и Гремио се сретнаа и во рамките на шампионатот, а Гремио на тој меч славеше со 2-1.
Од јуни 2016 година, Атлетико само еднаш успеа да запише победа против Гремио, кои пак се во солидна форма и мотивирани да редат успеси. Домаќинската улога не го прави Атлетико фаворит во овој меч, иако коефициентите говорат друго. Се очекува реми или, пак, евентуално недоволен триумф на Атлетико кој нема да им обезбеди финале.
Предлог тип: ГГ3+ (2.70)
Интернационал – Крузеиро (02:30ч – бразилски куп, полуфинале, реванш)
Актуелниот бранител на трофејот има шанса трета година во низа да игра во финалето, но за тоа ќе треба да надополни еден гол негатива по првиот меч. Крузеиро иако загуби пред своите навивачи, сè уште има шанси да ја оствари целта. Минималната победа над Васко пред два дена дојде во вистинско време за Крузеиро да ја поврати посакуваната форма во пресрет на овој меч.
Интернационал нема да ја брани минималната предност, особено не пред своја публика. Во последните пет меѓусебни дуели кои се одиграа во Порто Алегре, Интернационал доби три, додека едно реми и еден триумф е за Крузеиро.
Предлог тип: 1+I & 1+II (2.07)