„Докторски“ тикет уплатен само со 40 денари донесе огромна добивка од 128.059 денари во скопско Лисиче. На тикетот се одиграни вкупно девет натпревари и сите во ист тип, полувреме-крај „2 во 2“.
Сите квоти се поголеми од 2.00, односно се движат помеѓу 2.35 и 2.70, па големата добивка сосема заслужено заврши кај редовниот играч на Sport Life од скопско Лисиче.