По долги години откако и официјално се повлече во рингот, еден од најдобрите боксери во историјата, Мајк Тајсон се подготвува за кам-бек. Тајсон кој има 54 години договори борба против Рој Џонс Јуниор и таа треба да се одржи на 12 септември во САД.
Во изминативе неколку месеци Тајсон напорно тренираше, намали повеќе килограми а ја врати и кондицијата. Иако Тајсон е уверен дека е во одлична форма и здравје, докторите имаат поинакво мислење. Тие го предупредуваат Тајсон да не боксува.
„Кога ќе остариме стануваме ранливи и на нашиот мозок му е потребно повеќе време за да закрепне од тоа“, вели еден доктор кој додава дека се работи за исклучително лоша идеја да има борба, затоа што може да има опасни повреди, па дури и смрт на некој од боксерите.
И покрај овие совети од докторите, борбата меѓу Тајсон и Рој Џонс сигурно ќе се реализира. Планирано е да има осум рунди, а нема да има судија во рингот.