Поминаа неколку дена откако српскиот интернационалец од редовите на шпанска Кордоба, Драгиша Гудељ, доживеа животна драма за време на мечот против Расинг Ферол.
Додека траеше мечот, во 11-тата минута Гудељ ненадејно се сруши на теренот и остана неподвижен. Веднаш реагираа лекарите, кои по голема неколкуминутна борба успеаја да го вратат во живот српскиот фудбалер. За целата ситуација која се случуваше на теренот се огласи и докторот Хозе Бретонес, кој успеа да го спаси фудбалерот.
„Да му се случеше ова во некоја друга ситуација, денеска можеби немаше да зборуваме за ваков развој на настаните. Немаше пулс дури пет минути, тоа изгледа како цела вечност. Со масажата и реанимацијата го започнавме неговото спасување, а со два „удари“ со дефибрилаторот успавме да го вратиме во живот“, раскажува докторот.
Откако се поврати во живот, Гудељ дури неколку пати се обиде да стане, но лекарите го убедија да остане да лежи и да го одведат во болница.
Gudelj del Córdoba se desmaya y han empezado hacer la rcp, se lo llevan en camilla, y se acaba de incorporar al meterse en ambulancia, menos mal. Que no sea nada, mucho ánimo Córdoba, a por los 3 puntos. Especialmente por Gudelj después del gran susto y el almeriense Carlos Marín pic.twitter.com/0zYZMB9E1R
— Jdp78 (@Jdpd78) March 25, 2023