Јабуселе, некогашниот НБА-кошаркар во дресот на Бостон селтикс, се најде во центарот на вниманието на синоќешната тепачка, која значеше и предвремен крај на дуелот Реал Мадрид – Партизан.
Откако Серхио Љуљ намерно го удри Пантер, бекот на Партизан не можеше да се воздржи и му врати на Шпанецот, а потоа се вклучија сите кошаркари во мешаницата која прерасна во општа тепачка.
Од сите дуели во овој неред, посебно зачудувачки е тој на Јабуселе, кога безмислосно во стилот на ММА борците го тресна од земја Ексум. Играчот на Партизан е потешко повреден и за него сезоната е завршена, а докторот на Црно-белите беше зачуден од тоа што го виде и начинот на којшто нивниот играч се здоби со повредата.
„Ексум има тешка повреда. Пукната му е тетивата на вториот прст. Играчот со број 28 буквално го фрли на земја. Тоа е за во затвор. За доживотна суспензија. Можеше да му ја повреди кичмата или главата и да му ја заврши кариерата. Вакво нешто немам видено, се работи за тешка повреда“, рече докторот на Партизан, Мома Јаковљевиќ.
Ексум со помош на патерици се појави на белградскиот аеродром, каде што кошаркарите на Партизан беа дочекани како вистински херои.
Former Boston Celtic Guerschon Yabusele slams Dante Exum to the ground during a brawl between Real Madrid and Partizan!
(Via @BasketNews_com) pic.twitter.com/5OVxoFUoRy
— Ballislife.com (@Ballislife) April 27, 2023