Заврши чекањето, новата сезона во МотоГП официјално се отвори со денешниот прв тренинг пред трката за Големата награда на Катар. Возачот на Јамаха Валентино Роси, беше најдобар и извозе најбрз круг на првиот тренинг со време од 1:55,048, а „докторот“ го следеа двајцата возачи на Хонда.
https://twitter.com/MotoGP/status/1104011313871810560
Хорхе Лоренцо забележа време од 1:55,127, додека актуелниот светски првак Марк Маркес беше за нијанса поспор со време од 1:55,164. Во топ 5 се најде и Андреа Довициозо, како и неговиот тимски колега Андреа Петручи.
https://twitter.com/MotoGP/status/1104013701852659712
Со оглед на редоследот по првиот тренинг, јасно е дека првите тројца, Роси, Лоренцо и Маркес ќе бидат главните конкуренти за светската тиулва во новата сезона, додека Маркес е фаворит за одбрана на тронот.
Вечерва ќе се одржат вторите тренинзи, додека за утре изутрина се предвидени третиот и четвртиот тренинг, а потоа квалификациите за пол-позиција. Трката е закажана за во недела со почеток од 17 часот по локално време.