По триумфот на Ролан Гарос, Рафаел Надал се појави со штаки во рацете кои му помагаа да се движи. Неверојатно беше дека тенисерот кој го освои Гренд слем турнирот во Париз, веднаш потоа до толку е повреден, да не може нормално сам да се движи.
Надал сезонава триумфираше на двата Гренд слем турнири и стигна до рекордни 22 трофеи во најсилните натпреварувања. Шпанецот веќе започна третмани со радиофрекфенции кои ги умртвуваат нервите на болниот дел. Целта е Надал да биде подоготвен за настап на Вимблдон и таму да се бори за нов трофеј.
„Цел е целиот третман да не трае долго, за да може Рафаел да биде подготвен и за настап на Вимблдон. Ова е спектакуларно, би било чудо за некоја друга нормална личност, но тој е сосема поинаков и му успева. Не се работи само за тоа да се умртви стопалото за да нема болки, туку и веднаш потоа да можеш да играш тенис, да ги прифаќаш предизвиците, против толку квалитетни ривали. Покрај тоа, тој има проблем и со болки во реброто кои го спречува да има квалитетни подготовки, а на крајот освојува трофеи. Тоа може да го направи само Рафаел Надал“, вели лекарот Анхел Руис-Которо.
Третиот Гренд слем во сезоната ќе започне на 27 јуни, а Надал најави „Ќе бидам таму ако телото ми дозволи. Вимблдон е приоритет, Гренд слем турнирите се приоритет“, порача Надал.