Жереми Доку беше еден од малкуте расположени играчи на Манчестер сити на гостувањето во Мадрид против Реал кога англискиот тим загуби убедливо со 3:0. Граѓаните сега ќе имаат пеколно тежок предизвик да се обидат во реваншот да ја анулираат оваа висока негатива.
Токму белгискиот репрезентативец во редовите на Сити, верува дека неговиот тим има шанси. Доку е убеден дека Манчестер сити може да му даде три гола на Кралскиот клуб во реваншот.
„Би било лудо ако кажам дека немаме шанси. Тие имаат многу силен тим, ни дадоа три гола, но зошто да не можеме и ние да им дадеме три гола во реваншот? Потребно е да имаме голема поддршка и од навивачите и тие да направат притисок врз противникот“, вели Доку.
Реавншот ќе се игра в вторник на 17 март во Манчестер. Подобриот одо двомечот меѓу Сити и Реал ќе се пласира во четвртфиналето и таму ќе игра со Баерн Минхен кој уште во првиот меч ја заврши работата откако со убедливи 6:1 ја победи Аталанта во Бергамо. Германскиот првак во реваншот на свој терен само треба да го потврди местото меѓу четирите најдобри.

