Белгија со четири победи и три нерешени е на чекор од пласман на Светското првенство 2026, а за тоа ќе им биде потребен триумф над Лихтенштајн на домашен терен во последното коло.
Сепак, двете нерешени против Македонија, но и ремито против Казахстан во Астана, ги разочара белгиските репрезентативци, кои играа без своите колеги Де Бројне, Лукаку и Куртоа.
„Изгубивме премногу поени затоа што не игравме доволно добро во поголемиот дел од нашите натпревари. Кампањата, благо речено, не беше одлична. Сите треба да се претставиме подобро – тренерот, јас, сите. Го проучувавме тимот на Казахстан и очекувавме дека ќе играат со долги топки, но бевме изненадени – противникот се реши за кратки додавања и агресивна игра. Тоа беше сосема различен натпревар од претходниот. Можеби не го анализиравме доволно добро противникот. Отсуството на повредените Кевин Де Бројне, Ромелу Лукаку и Тибо Куртоа не може да биде изговор. Ако ни се потребни тие за да го победиме Казахстан, тогаш нема да можеме да направиме ништо на Светското првенство.“ – вели ѕвездата на Манчестер сити и репрезентативец на Белгија, Жереми Доку.

