Документарец каков што чекаше фудбалскиот свет: Предавството на Луиш Фиго (видео)

Популарната стриминг платформа „Нетфликс“ на 25 август премиерно ќе го пушти во етер документарецот за Луиш Фиго и неговиот контроверзен трансфер од Барселона во Реал Мадрид.

Легендарниот португалски фудбалер по повеќе од две децении ќе проговори за предавството кое го направи, а во документарецот се спомнати сите детали. Еден од моментите за кои со нетрпение се чека да се зборува, е печената глава од прасе која заврши на теренот покрај корнер-знаменцето во првото дерби на Ел Класико кое Фиго го одигра како ѕвезда на Реал на „Камп ноу“.

Во летото 2000 година Фиго стана првиот Галактико откако Кралевите го откупија од лутиот ривал за тогаш светски рекорд од 62 милиони евра. Тоа беше годината кога Фиго ја освои Златната топка, пред сè поради феноменалните настапи во дресот на Каталонците.

- Оглас -

Најнови вести