Марин Докузовски: Работнички мора како денеска да се бори до крај

Тренерот на Работнички, Марин Докузовски, овојпат беше задоволен од односот на неговите играчи и жали што ротацијата им беше дополнително скратена по повредата на Димитар Караџовски, кој го свитка глуждот во првата минута.

„Денеска играчите изгинаа на теренот, немам никакви забелешки, одиграа и над своите можности. За борбеноста немам забелешки, кога треба да ги фалам, ги фалам, кога треба да ги критикувам, ги критикувам. Мислам дека сосема друг тек ќе имаше средбата ако не се повредеше Караџовски, ќе имавме повеќе шанси да победиме. Нормално беше на крајот да снемаме сили. МЗТ има поголем ростер, го искористи тоа и јас им честитам за победата“, вели трофејниот стручњак.

Докузовски не верува дека до задутре Караџовски ќе може да игра и ќе мора да се снаоѓа со Стајиќ и Младеновиќ како организатори на играта.

„И пред финалето кажав дека МЗТ е фаворит во ова финале, но Работнички мора секогаш да се бори до крај. Немаше борба на првиот меч и затоа бев лут по тој дуел. МЗТ има 10-мина играчи, ќе ни биде тешко, но мене ми е важно да се бориме. Ако противникот е подобар, ќе му честитаме, и тоа е дел од спортот“, рече Докузовски.

- Оглас -

Најнови вести