На четирите натпревари кои вечерва се играат од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе има доста отсутни фудбалери кои нема да може да им помогнат на своите екипи.
Галатасарај нема никакви посебни проблеми со повредени или суспендирани играчи, тренерот Окан Бурук ќе може да смета на сите најдобри. Во исто време, Црвените од Ливерпул ќе бидат без Алисон и Федерико Кјеза, покрај од поодамна повредените Александар Исак, Конор Бредли и Ватару Ендо.
Аталанта е домаќин на Баерн Минхен, а италијанскиот тим ќе биде без клучни играчи, како што се: Шарл де Кетеларе, Едерсон, Џакомо Распадори и Џорџо Скалвини. Мануел Нојер и Хироки Ито нема да играат за германскиот шампион, но добрата вест е дека Хари Кејн се врати.
Бруно Гимараиш е надвор од составот на Њукасл за битката со Барса, додека Каталонците ќе бидат без Алехандро Балде, Жил Кунде, Гави, Френки де Јонг и Андреас Кристенсен.
Атлетико Мадрид е комплетен против Тотенхем, а проблемите на лондонските Петли се многубројни, од серија порази во Премиер лигата до голем број повредени. На листата на повредените во тимот се Родриго Бентанкур, Лукас Бергвал, Бен Дејвис, Мохамед Кудус, Дејан Кулушевски, Џејмс Медисон и Дестини Удоџи.

