Долга е листата на отсутни за виенскиот фудбалски бал со Австрија

Македонија ќе игра драстично ослабена против Австрија на „Ернст Хапел“ во Виена од 20.45 часот, а ќе недостасуваат дел од клучните играчи.

Поради повреди ќе ги нема стандардниот Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи и резервите Марјан Радески, Љупче Дориев и Ѓорѓи Стоилов, а поради картони, со Австријците нема да можат да играат Висар Муслиу, Бобан Николов и Илија Несторовски.

Дебитант во составот е Даниел Аврамовски од Вардар, кој е прв стрелец во домашното првенство и е член на златната генерација младинци што играше на историското ЕП во Полска во 2017 година.

По мечот со Австрија ќе играме со Израел во Скопје на 19 ноември, што ќе ни биде последен квалификациски меч за ЕП 2020 година.

Еве го комплетниот состав за мечевите со Австрија и Израел:

- Оглас -

Најнови вести