18.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Долго лето за кошаркарите

Македонската кошаркарска репрезентација ќе има околу еден месец пауза за одмор по утрешниот последен квалификациски дуел против Украина (18 часот) за СП 2023.

На Мундобаскетот дефинитивно нема да играме, но избраниците на Бајиќ со подготвителен турнир во Литванија на почетокот од август, ќе се загреваат за првата рунда од претквалификациите за Европското првенство 2025, која е предвидена кон крајот на истиот месец.

На 8 и 9 август Македонија во Каунас ќе одигра два контролни натпревари против поранешниот европски првак Литванија, а предвиден е и дуел против Финска. Ова ќе биде добра прилика за кошаркарите да се загрејат во пресрет на циклусот претквалификации за Евробаскетот 2025.

- Оглас -

Најнови вести