Лионел Меси повторно е во препознатлив сјај и игра како што знае, на почетокот од втората сезона како фудбалер на Пари Сен Жермен.
Аргентинецот повторно дава голови, асистира и како што вели пак ужива во фудбалот.
„Се чуствувам многу поинако од ланската сезона кога дојдов во Париз како нов играч на Пари Сен Жермен. Имав лош период и не успевав да се прилагодам брзо како што очекував. Сега е сосема поинаку. Се навикнав на клубот, на стилот наигра на моите соиграчи и се чуствувам одлично на терен. Можам да кажам дека повторно уѓивам во фудбалската игра“, вели Меси.
Messi, al PSG: “Me siento diferente a lo que fue el año pasado. La pasé mal, no terminé de encontrarme nunca. Este año es diferente. Llegué con otra cabeza, más acomodado al club, al vestuario, los compañeros, al juego. La verdad que me siento muy bien. Volví a disfrutar".
— Matteo Moretto (@MatteMoretto) September 24, 2022
На стартот од новата сезона прекрасно функционира триото Меси, Нејмар, Мбапе во ПСЖ, а тројцата заедно постигнаа дури 19 гола во Лига 1 во 8 кола, а имаат вкупно 14 асистенции.
Меси е со учинок од 4 гола и 7 асистенции во француското првенство, а во два кола во ЛШ има по еден гол и асистенција.